Правила и услови за употреба на услугата
Прифаќање на условите на употреба
Добројдовте на JetMinds веб платформата (дефинирана подолу). Со нејзино користење Вие се согласувате со Правилата и условите за употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.
Со внесување на Вашата е-маил адреса и регистрација на платформата Вие се согласувате со правилата и условите за употреба на услугата. Можете да се отчлените во било кое време.
Со користењето на услугите на JetMinds едукативната платформа, Вие сте согласни да се обврзете со овие правила и услови за употреба. Овластување и дозвола да ги користите услугите на JetMinds едукативната платформа имате единствено доколку ги почитувате и се придружувате кон сите применливи закони и кон овие Правила и услови за употреба.
СИГМОИД ДОО, ja поседува и менаџира со едукативната платформа www.JetMinds.com (во понатамошниот текст "JetMinds", "ние", "наше" или "нас") и нејзините мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа платформа и нејзините услуги Вие ("Вие" или "крајниот корисник") се согласувате со Правилата и условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Правилата и услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, МОЖЕТЕ ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВЕБ ПЛАТФОРМАТА И ДА НЕ ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ JETMINDS. НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ ПРЕТПЛАТА НА ПРЕМИУМ УСЛУГИТЕ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам" копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).
Овие Правила и услови на употреба се последно обновени на 01.10.2019.
1. Опис на платформата
JetMinds претставува интерактивна онлајн платформа преку веб-страната на домеинот JetMinds.org, со кој дејствува фирмата СИГМОИД ДОО.
JetMinds на регистрираните корисници им овозможува користење на платформата за дополнување на нивното знаење по математика преку различни интерактивни содржини како видео лекции (за сите корисници) и задачи/тестови (важи само за Премиум корисниците). Исто така JetMinds нуди напредна аналитика и предвидување на дупки во знаењето за корисниците на Премиум сегментот.
За да ја користите услугата, мора да имате пристап до интернет, директно или преку уреди кои пристапуваат до содржини базирани на интернет. Не е дозволено да пристапувате на услугата на друг начин освен преку предвидениот кориснички интерфејс за тоа.
Услугата може да вклучува и наши објави, како што се најавите за новите услуги, административни пораки и билтени. Ваквиот тип комуникација се смета како дел од членството во JetMinds.
Ве молиме, имајте предвид дека дел од услугите (или специјалните функции) може да бидат овозможени само за корисниците кои се претплатиле за такви услуги и JetMinds има право да наплатува надомест за таквите услуги.
2. Сопственост на веб платформата
Платформата, целата содржина на платформата и инфраструктурата која се користи за да ја направи платформата достапна се сопственост на Сигмоид ДОО. Со користење на оваа платформа од крајниот корисник и согласување со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) JetMinds ви овозможува лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да ја користите платформата во согласност со овие Правила и услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од JetMinds; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку платформата без претходно одобрување од JetMinds.
3. Употребување на платформата
Како предуслов на платформата, Вие се согласувате дека:
- Имате најмалку 13 години (доколку имате помалку од 13 години регистрирањето на оваа платформа го прави родителот/старателот);
- Родителот/ старателот е во можност да направи правна обврска;
- Не ви е законски забрането (и на родителот/старателот) да користите одредени услуги или производи;
- Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз платформата за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации;
- Вашето користење на платформата во секое време ќе биде во согласност со овие Правила и услови на употреба;
- Ќе правите легитимна претплата на премиум понудата кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда;
- Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на платформата каде оставате податоци;
- Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време;
- Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.
4. Пристап до платформата
Оваа платформа нема да биде достапна за (А) кои било корисници кои биле предходно суспендирани од платформата од страна на JetMinds или (Б) лица кои се под 13 години чија регистрација не е одобрена од родител старател и/или законски застапник. Со притискање на копчето „Регистрација„ или регистрирајќи корисничко име на друг начин изјавувате дека (а) не сте биле предходно суспендиран или избришан од JetMinds платформата; (б) дека Вие сте најмалку на 13 годишна возраст или (в) вашиот родител и/или законски застапник се согласиле за Вашето користење на платформата (г) дека вашата регистрација и вашата употреба на платформата е во согласност со сите важечки закони и прописи.
JetMinds го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на платформата или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на JetMinds, и JetMinds не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на JetMinds е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, платформата може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на JetMinds, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
JetMinds има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на платформата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на платформата.
5. Измена на Правила и условите на користење
JetMinds го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Правилата и условите на употреба и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако JetMinds прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на порака на eлектронска адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-платформата. Овие промени нема да важат за направените претплати на Премиум услугите пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на платформата по промената на условите. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Правила и услови на употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на платформата од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.
6. Регистрација на платформата и одржување на Вашиот профил
За да регистрирате корисничка сметка, мора да обезбедите важечка електронска адреса и други информации („податоци за регистрирање"). Во процесот на регистрација, потребно е да изберете лозинка и корисничко име за пристап на платформата.
Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб платформата за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви информации. Вие знаете и се согласувате дека JetMinds нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи платформата преку Вашиот профил сте Вие. Вие сте одговорни за одржување на доверливоста на лозинката и сметката, како и за сите активности кои се случуваат под името на вашата корисничка сметка. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет ако истиот не го одржувате со тековни податоци.
По основ на користење на услугата, се согласувате дека ќе ги ажурирате и одржувате вистинити, точни, тековни и целосни податоците за регистрација. Доколку поднесете информација која е невистинита, неточна, измината или нецелосна, или доколку JetMinds има разумна основа да се сомнева дека има информации кои се невистинити, неточни, изминати или нецелосни можеме да го суспендираме или да го исклучиме Вашиот профил односно корисничка сметка и да одбиеме било какво понатмошно користење на услугата или кој и да било дел од неа.
Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Правила и услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ја губи направената претплата за Премиум услугите, без разлика дали е изминат периодот за кој важи платената претплата. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашaта платформа, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на платформата.
На лицата под 13-годишна возраст им е забрането регистрирање или користење на кориснички сметки преку JetMinds без одобрување од родител/старател. Доколку биде отворена сметка од лице под 13 години ќе сметаме дека истата е отворена со одобрување од родителот/старателот.
7. Опрема за употреба на платформата
Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој платформа и сите трошоци поврзани со тоа. JetMinds не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој платформа.
8. Кодекс на однесување на крајниот корисник
Сите интеракции на платформата мора да се во согласност со овие Правилата и условите на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од платформата, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на платформата.
Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти. Следните активности се забранети на платформата и означуваат кршење и непочитување на Правилата и условите на употреба.
Поставување било каква содржина на платформата која:
- Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);
- Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
- Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштити;
- Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
- Има ефект на наметнување на другите;
- Содржи пораки од неовластени лица од JetMinds, кои наводно зборуваат во име на JetMinds или даваат доверливи информации поврзани со JetMinds;
- Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или
- Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост;
- Се претставувате лажно како физичко или правно лице, ентитет или субјект, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вработените и претставниците на JetMinds, лажно да изјавувате или лажно да ја претставувате вашата поврзаност со личност или ентитет.
Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:
- Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;
- Скенирање или следење на платформата со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;
- Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на платформата или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или
- Мешање во употребата на платформата на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на платформата обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се напраив прекин на платформата.
- Вчитување, испраќање, објаување или на друг начин пренесување на материјал кој содржи софтверски вируси или компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да прекинуваат, уништат или ја ограничат функционалноста на компјутерскиот софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;
- Да се мешате во или ја нарушите услугата, серверите или мрежите поврзани со услугата, или да не ги почитувате барањата, процедурите, политиките или регулативите на мрежите поврзани со услугата
- Да се обидете да прескокнете или прескокнете безбедносна компонента поврзана со содржините или услугата;
- Да се обидете или да се вклучите во постапка која директно или индиректно го попречува правилното работење на интернет-платформата или предизвикувате неразумно оптоварување на инфраструктурата на JetMinds;
- Испратите, вчитате, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини со кои се повредуваат патенти, трговски тајни, авторски права, правата на приватност или публицитет или други сопственички права на некоја страна;
- Ја користите услугата за насочување кон друга интернет-страница;
- Барате или се обидувате да земете од трети лица лозинки или лични податоци за незаконски цели;
- Поставите датотеки и документи со цел да се хостираат од наша страна и да се користат надвор од интернет-страницата направена со користење на услугата;
- Пристапувате до услугата преку автоматизирани методи. Услугата еднинствено може да се користи или да и се пристапи преку електронски уред и тоа мануелно во текот на целото нејзино користење;
- Со сопствено програмирање креирате интернет-страница која содржи штетно корисничко искуство. Примери за ова се, но не се ограничува на екстремни светкави банери и прекумерни анимирани движења.
Употреба на било кое од следното:
- Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од платформата без наша писмена дозвола;
- Било која содржина од платформата, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг "скриен текст" техники и технологии без наша писмена дозвола;
- Платформата или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со JetMinds; или
- Платформата или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со JetMinds, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.
Собирање на било кои од следните наведени работи:
- Содржина од платформата, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на платформата и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од платформата кој друг трета страна, без наша писмена дозвола;
- Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана во точка 13 подолу) или содржина од било кој корисник или Продавач.
Вклучување во било која од следните активности:
- Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, платформата или област на платформата или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на JetMinds;
- Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
- Пристапување, следење или копирање на било која содржина од платформата, користење на било кој "робот", "пајак", или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;
- Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од платформата со материјали од други платформи без наша писмена дозвола;
- Длабоко поврзување со кој било дел од платформата (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за Премиум услугите) без наша писмена дозвола;
- Поврзување до платформата од било кој друг веб-платформа без наша почетна и тековна согласност; или
- Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на JetMinds, нашите продавачи или нашите услуги.
- Ја споделите вашата лозинка, дозволите на некој друг да пристапи на вашата корисничка сметка, или да направите нешто со кое би можело да се загрози безбедноста на вашата корисничка сметка.
- Вчитате, испратите, објавите или пренесете несакани комерцијални електронски или спам-пораки. Ова вклучува неетички маркетинг, рекламирање или друга практика која е на некаков начин поврзана со "спам", како што се: a) испраќање на масовни е-пораки до примачи кои не побарале од вас е-адреса или праќање на е-порака со лажна повратна адреса, б) промоција на интернет-страници со несоодветни линкови, наслови, описи или в) промоција на вашата интернет-страница преку објавувања на повеќекратни поднесоци во јавни форуми кои се идентични;
- Намерно или ненамерно ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
- Скришно или на друг начин ги малтретирате другите;
9. Вашата приватност и безбедност
Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Правила и услови на употреба, а истата може да ја пристапите тука.
Вие сте одговорни за одржувањето на безбедноста на Вашата корисничка сметка и содржини. Исто така, целосно сте одговорни за сите активности регистрирани на корисничката сметка и за сите други активности поврзани со Вашата интернет-страница. Се согласувате дека веднаш ќе го известите JetMinds во писмена форма за секоја неовластена употреба на Вашата корисничка сметка или некоја друга форма на нарушувањата на безбедноста. Ние не можеме и нема да бидеме одговорни за загуба или штета како резултат на неисполнување на оваа обврска за безбедност. Вие потврдувате и се согласувате дека под никакви околности Сигмоид ДОО нема биде одговорен, на било кој начин, за дејства, пропусти или грешки од страна на JetMinds корисник или трето лице, вклучувајќи и штети од кој било вид кои би се јавиле како резултат на таквите акти, пропусти или грешки.
Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во политиката за приватност.
10. Плаќања, надоместоци, даноци
Дел од услугите понудени на интернет-платформата бараат плаќање на надоместоци („услуги за наплата"). Доколку изберете да се регистрирате за користење на премиум услугите, потребно е да ги платите надоместоците како што е наведено на страницата на оние места каде што ги избирате таквите услуги.
Доколку не е поинаку наведено, сите надоместоци се со вклучени даноци или давачки воведени од властите, и Вие сте одговорни за плаќање на тие даноци, давачки или должности. Вие се согласувате дека ќе ги платите даноците кои се однесуваат на користењето на услугата и плаќањата направени од ваша страна кон JetMinds.
Во текот на претплатата и користењето на услугата во секое време можете да изберете да го намалите или зголемите вашиот пакет на услуги со некој друг пакет кој е на располагање во моментот. Во случај на промена на пакет од поголем кон помал (од поскап кон поевтин), на вашата корисничка сметка ќе се пресмета разликата во цената на тие два пакети. Во пресметката на разликата се зема и предвид периодот на користење на пакетот кој се менува. Оваа разлика не му се рефундира на корисникот, но ќе се примени во претплатата за идните месеци. Во случај на префрлање од поголем кон помал пакет, може да дојде до губење на содржини, можности или функции, зависно од пакетот. Ние не прифаќаме било каква одговорност за таквите загуби.
Експлицитно го задржуваме правото да ги менуваме цените и надоместоците, а за таквите промени или модификации клиентите ќе бидат известени преку електронска пошта како и со објава на самата платформа и ќе стапат на сила веднаш по нивното објавување. Било какви промени или модификации на цените и давачките ќе се применат во наредното обновување на периодот за користење на услугата, како што е тоа опишано подолу.
Во однос на можностите за плаќање, имате два начина на плаќање на нашите услуги и тоа плаќање со платежна картичка како и купување на ваучер за месечно користење. Согласно избраниот премиум пакет се врши и наплатата на надоместокот.
Неавтоматизирана месечна наплата на надоместок за Премиум пакет
Наплатата на надоместокот може да биде со мануелна поединечна уплата на крајот на истекот на секој претплатен период од 30 дена. Во тој случај доколку сакате да продолжи вашиот Премиум пакет потребно ќе биде повторно да извршите рачна (мануелна) уплата следејќи ги чекорите за наплата на месечниот надоместок.
Автоматска наплата на месечен премиум профил
Исто така платформата нуди можност за автоматска наплата на месечниот надоместок при што износот на месечниот надоместок ќе биде автоматски задолжуван од вашата платежна картичка секој нареден месец без потреба од ваша авторизација.
На крајот од период на претплата за користење на услугата (период кој го избирате во текот на дефинирањето на претплатата), Вашиот договор автоматски ќе се обновува за дополнителен период на претплата сѐ додека не направите експлицитно откажување. На пример, ако Вашата претплата за користење на услугата е 30 дена, наредниот период на обновување ќе биде исто така 30 дена. Според тоа, освен во случај ако не ја откажете претплатата, ние автоматски ќе ја обновиме претплатата во моментот кога таа завршува и ќе направиме наплата (во случајот на плаќање со платежна картичка), со тековните цени, за кои се согласувате и прифаќате дека може да бидат повисоки или пониски од цените за првичниот период. Вие може да ја откажете претплатата од услугата во секое време, но тоа треба да биде најмалку 3 дена пред истекувањето на претплатата и нејзиното автоматско обновување. Во случај на откажување на претплатата, услугата ќе биде деактивирана после истекот на тековниот период на претплата за кој имате платено.
Плаќањето на претплатата на Премиум пакетот за прв следен месец треба да биде извршено однапред, на истиот ден секој месец кој му одговара на денот кога Корисникот ја направил првичната претплата на Премиум пакетот. Ако таков не ден постои во датиот месец, последниот ден од датиот месец ќе биде одреден како ден за плаќање.
Доколку Вие немате ставено доволно средства на располагање на ден на стасаност на плаќањето, JetMinds ќе прати на мејл адреса доставена од страна на Корисникот “обавестување за неуспешно плаќање” и JetMinds повторно ќе се обиде да го наплати надоместокот - не повеќе од 5 пати - со користење на кредитна или дебитна картичка.
Во случај кога ќе купите некој од Премиум пакетите (при плаќање со платежна картичка), се согласувате дека платежните процесори чии услуги ги користиме имаат право да ги чуваат вашите информации за платежната картичка.
Податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк.
Во случајот на плаќање со платежни картички, вие сте согласни дека сме овластени да ви наплаќаме и да направиме наплата од платежната картичка која ја имате приложено за: месечен или годишен надомест за услугите на месечна или годишна основа соодветно; за други надоместоци за услуги кои сте ги нарачале и купиле; како и за сите даноци во врска со вашето користење на услугите.
11. Откажување и престанок
Услугата може да биде прекината од нас, без причина, во секое време. Услугата може да биде прекината од Вас, без причина, следејќи ги процедурите за откажување. Можете да ја откажете услугата во секое време, но претплатата ќе биде активна до крајот на периодот за којшто сте платиле.
JetMinds може да ја прекине услугата во секое време, без казна и без претходна најава, доколку не исполните некој од условите во Правилата и условите за употреба или ја прекршите заштитата на интелектуалната сопственост која се применува на оваа услуга.
По прекинот може да добиете известување за прекин на услугите пратено на е-адресата од Вашата корисничка сметка. По раскинувањето, ние имаме право да ги избришеме сите податоци, датотеки, кориснички содржини или други податоци кои се чуваат во/за вашата корисничка сметка.
Може да ја измениме, замениме, да одбиеме пристап до, суспендираме или прекинеме услугата, делумно или целосно, или да додадеме и промениме цени за сите или дел од услугите наменети за Вас или за сите наши корисници во секое време и по наше сопствено убедување. Промените ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на интернет-страницата или преку директна комуникација со Вас, освен ако тоа јасно не е наведено поинаку.
Понатаму, ние го задржуваме правото да задржиме, отстраниме или отфрлиме корисничка содржина достапнa како дел од Вашата корисничка сметка, со или без известување доколку сметаме дека е спротивно на овој Договор. За избегнување на недоразбирање, немаме обврска за чување, одржување или обезбедување на копии од содржина поставена од вас или останатите корисници при користење на услугата.
12. Специјални програми
Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од JetMinds Вие се согласувате со овие Правила и услови на употреба.
13. Авторски права и трговска марка
Платформата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, квизови, софтверската документација, дизајнот, изгледот, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој платформа (“JetMinds”) е во ексклузивна сопственост на СИГМОИД Доо. JetMinds има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. JetMinds има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на JetMinds. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ ПЛАТФОРМА ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД СИГМОИД ДОО Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.
Не е дозволено и вие се согласувате дека нема да ги правите следниве активности: враќање на кодот (reverse engineering), декомпилација (decompile), дешифрирање, модифицирање, репродукција, објавување, преведување, копирање, дистрибуирање, продажба, изнајмување, пренос, искористите слабост (exploit) или на друг начин да се обидете да откриете програмски код или изворен код (source code), користен во или со услугата и содржините или на друг начин ги дистрибуирате содржините, освен како што тоа е посебно дозволено во овој Договор.
Исто така, се согласувате дека нема да ја репродуцирате, умножувате, копирате, продавате или препродавате дел од услугата, користењето на услугата, или пристапот до услугата без претходна наша писмена дозвола.
Вие не може да го користите, продавате, копирате, дистрибуирате, подлиценцирате, давате гаранција или на друг начин се обидете да пренесете право врз содржините, креирате деривации врз основа на нив или комерцијално ја експлоатирате содржината, во целост или делумно, на друг начин освен како што тоа е јасно нагласено со овие Правила и услови на употреба.
Сите трговски марки, логоа, таг-линии или слогани, кои се дел од JetMinds и услугата во целост, се сопственост на JetMinds. Сите останати трговски марки, логоа, таг линии или слогани се сопственост на нивните соодветни сопственици. Освен ако поинаку не е засебно предвидено во овој документ, ништо не треба да се толкува како давање дозвола или право на користење на трговска марка, лого, таг-линија или слоган прикажани на JetMinds без наша писмена дозвола или писмена дозвола од третите лица кои може да бидат сопственици на трговски марки, логоа, таг-линии, или слогани.
Секое користење на содржините за друга намена освен онаа за која е посебно дозволено овде или без наша претходна писмена согласност или претходна писмена согласност од нашите соработници, е строго забрането. Ние ги задржуваме сите права кои експлицитно не се дадени во овој договор.
JetMinds е заштитена трговска марка на СИГМОИД ДОО. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на JetMinds се сопственост на нивните соодветни сопственици.
14. Корисничка содржина
Платформата им овозможува на регистрирани корисници и посетители повеќе можности да ги прегледаат поставените едукативни материјали и да ги користат истите за подигнување на знаењето.
JetMinds има единствено и апсолутно право, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на било која трета страна, во било кое време, од било која причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на употреба и сите оперативни правила воспоставени од страна JetMinds, како и да ги задоволи сите применливи закони, регулативи или овластени владини барањa. Без ограничување на горенаведеното, JetMinds има право да ги отстрани било кои содржини од заедници или било кој друг платформа под контрола на СИГМОИД, во својата единствена и апсолутна дискреција. JetMinds не превзема никаква одговорност за било кои содржини или други информации кои се појавуваат или се отстранети од платформата или на друго место. JetMinds нема обврска да ги користите корисничките содржините и може да не го прави тоа воопшто.
Покрај содржините кои се од едукативен карактер платформата содржи и банери со рекламен материјал со следнава содржина но не ограничувајќи се на истата:
i. Продажба или изнајмување на (1) дек од лиценцирана едукативна содржина, (2) сите дериватни дела базирани барем делумно на Лиценцираната образовна содржина или (3) било колективно дело кое вклучува било кој дел од Лиценцираната образовна содржина;
ii. обезбедување на обуки, поддршка или редакциски услуги кои ги користат или упатуваат на лиценцираните образовни содржини во замена за плаќање; и
iii. продажба на реклами, спонзорства или промоции ставени на едукативни содржини, или кој било дел од платформата, или продажба на реклами, спонзорства или промоции на која било платформата или блог кој содржи дел од лиценцираниот едукативен материјал, вклучувајќи без ограничување "pop-up реклами ". Банерите со рекламен материјал ќе бидат нема да се прикажуваат кај корисниците на Премиум услугите на Јетминдс.
15. Непосакувани идеи
Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои непосакувани идеи пренесени директно или преку било кој вработен во JetMinds, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции. Не ни испраќајте нас, или на било кој од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма ("Небарани Материјали"). Ако ни испратите несакани материјали, разбирате и се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле:
- JetMinds нема обврска да ги разгледа било кои несакани материјали, ниту пак да ги чува доверливи; и
- JetMinds ги поседува, и може да ги користи и редистрибуира несаканите испратени материјали за било каква цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење.
16. Општи услови за гаранција
КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ПЛАТФОРМА Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ JETMINDS, НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ И УСПЕХОТ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ПОСТИГНАТ СО УПОТРЕБА НА ОВАА ПЛАТФОРМА, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА (1) СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИТЕ ПОНУДИ КОИ СЕ ПОСТАВЕНИ ОД РАЗЛИЧНИТЕ ДОБАВУВАЧИ; (2) ОПИСОТ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ИЛИ (3) КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
ОВАА ПЛАТФОРМА И ЦЕЛАТА НЕЈЗИНА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА "КАКО ШТО СЕ" И "КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, JETMINDS СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.
17. Ограничување на одговорноста
ПЛАТФОРМАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО СЕ", "КАКО ШТО Е ДОСТАПНО", "СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ" И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.
СИГМОИД ДОО И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.
ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ JETMINDS, НЕГОВИТЕ СОРАБОТИЦНИ И НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА ПЛАТФОРМАТА, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ ПЛАТФОРМАТА, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА ПЛАТФОРМАТА, (Г) ПОНУДИТЕ ОД КОМПАНИИТЕ КОИ ПОСТАВУВААТ РЕКЛАМИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА, ИЛИ (Д) ОВИЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА УПОТРЕБА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ, ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКА JETMINDS ПЛАТФОРМАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА ДОБИЕНИТЕ КРАЈНИ ОЦЕНКИ НА УЧЕНИКОТ КОЈ ЈА КОРИСТИ ПЛАТФОРМАТА. JETMINDS ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ Е ОДГОВОРНА ЗА УСПЕХОТ КОЈ ГО ПОСТИГНУВА УЧЕНИКОТ.
НЕМА ДА СНОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ШТЕТИ ОД ДРУГ ТИП, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ЗАСТОЈ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ) ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД: ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА, КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА, УСЛУГАТА, СОДРЖИНИТЕ, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ КОРИСНИЧКИТЕ РЕКЛАМИ ГЕНЕРИРАНИ ПРЕКУ ТРЕТИ ЛИЦА ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА;, ПОРАКИ / ТРАНСАКЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИЛИ ОД УСЛУГАТА; НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, ИЛИ ПРОМЕНА НА ВАШИИTE ТРАНСМИСИИ ИЛИ ПОДАТОЦИ; ИЗЈАВИ ИЛИ ПОСТАПКИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА УСЛУГАТА; КАКВА И ДА БИЛО ИНТЕРАКЦИЈА СО JETMINDS; ИЛИ НЕШТО ДРУГО ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА.
СО ОВА ГО ОСЛОБОДУВАТЕ СИГМОИД ДОО И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, СОРАБОТНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, УПРАВНИЦИ, ПОДРУЖНИЦИ, ПОДИЗВЕДУВАЧИ, АГЕНТИ И ВРАБОТЕНИ, ОД СЕКАКОВ ВИД ЖАЛБИ, БАРАЊА И ШТЕТИ ОД РАЗЛИЧНА ПРИРОДА (ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, АКТУЕЛНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ), ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ОСОМНИЧЕНИ И НЕОСОМНИЧЕНИ, ОТКРИЕНИ И НЕОТКРИЕНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КОЈ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ, ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМАТА, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ БИЛО КОЈА СОДРЖИНА ГЕНЕРИРАНА ОД ТРЕТИ ЛИЦА, ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
СТЕ ЗАПОЗНАЕНИ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА, НАЈАВАТА НА ИСТАТА, СНИМАЊЕТО, ИЛИ ДОБИВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА, СОФТВЕР ИЛИ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ ВЕБ САЈТОТ (ВКЛУЧИТЕЛНО И ПРЕКУ КАКВИ И ДА БИЛО API’S Е НА ВАШ РИЗИК И ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ЦЕЛОСНО ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВА ШТЕТА ВРЗ ВАШАТА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ (ВКЛУЧИТЕЛНО И ВАШИОТ КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ) ИЛИ ГУБЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ ПОРАДИ ТОА.
ВО БИЛО КОЈ СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА JETMINDS ВО ВРСКА СО JETMINDS ПРЕМИУМ ПАКЕТ НЕМОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ ЗА ТОЈ ПАКЕТ. ВКУПНАТА АГРЕГИРАНА ОДГОВОРНОСТ КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО ОВИЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА УПОТРЕБА НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ (1) СУМАТА ПЛАТЕНА ОД КРАЈНИОТ КОРИСНИК ВО ПЕРИОД ОД 1 МЕСЕЦ, НАНАЗАД ОД ДЕНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА.
18. Електронска комуникација
Кога го користите платформата или испраќате електронски (е-маил) пораки до JetMinds, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на платформата. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на платформата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.
19. Надоместок на штети/ослободување
Се согласувате да го браните и заштитите JetMinds и неговите вработени лица, директори, агенти од и против сите побарувања, штети, обврски, загуби, одговорности, трошоци, долгови, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (a) било која Ваша употреба на платформата (или на некој друг кој го корител Вашиот профил) кое ги прекршува овие Правила и услови на употреба, (б) измама која сте ја направиле Вие или (в) прекршување на било кои Закони на Р.М или странски закони или права на трети лица.
Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата СИГМОИД ДОО, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.
20. Интернет-страници и услуги на трети лица
Платформата може да содржи реклами, содржини или линкови до други интернет-страници или платформи кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола.
Вие се согласувате дека ние нема да бидеме одговорни за загуба или оштетување од кој било вид, настанати како резултат на користењето на содржина од трето лице, интернет-страници или услуги, без разлика, дали сте се поврзале нив преку JetMinds плaтформата. Со ова Вие сте известени, знаете и потврдувате дека интернет-страниците и услугите на третите лица може да бидат предмет на нивните сопствени услови за користење и политики, и Вие сте единствено одговорни за прегледувањето и почитувањето на нивните условите за користење.
21. Виша сила
JetMinds нема да се смета за одговорен за функционирањето на платформата во согласност со овие Правила и услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друг.
22. Контакт со корисничката поддршка
Со цел да дојдете во контакт со нашата корисничка поддршка, ве молиме посетете ја на нашата страница за контакт и искористете ги контакт информациите, со цел да не контактирате.