JetMinds

Добредојдовте на JetMinds

JetMinds e онлајн платформа која ти помага да ги совладаш сите проблеми од училиште. Регистрирај се и добиј:

  • Бесплатни лекции, засекогаш.
  • Материја направена од врвни инструктори.
  • Можност да учиш кога сакаш, каде и да си.
Дознај повеќе

Најави се

Лозинката е задолжителна!

Учењето треба да биде забавно

Убедени сме дека можеш да научиш се што ќе посакаш! Исто така, сакаме да те уведиме дека учењето не мора да биде тешко и здодевно. Нашите бесплатни лекции кои го следат и надополнуваат школскиот систем се дизајнирани да изгледаат како игра наместо како учебник.

  • Учење скроено за тебе

    Лекции подготвени само за тебе. Почни со било какво знаење и само напредувај.

  • Натпреварувај се

    Секој точен одговор, изгледана лекција и редовно учење е чекор поблиску до врвот на лигата.

  • Освојувај награди и усовршувај се

    Освојувај поени, добивај награди и гледај како твоето знаење расте ден по ден.

  • Остани мотивиран

    Хероите на твојата генерација те поддржуваат со инспиративни мисли.

Што е уникатно за JetMinds?

Учењето на JetMinds e бесплатно, но со месечна претплата добиваш можност да учиш со методологија која никаде не е достапна.

  • Усоврши ја сегашната материја

    Создадовме огромен број на задачи и повеќе нивоа. Во училиште ќе добиеш петка и ако освоиш 90 поени на тестот, но тие мали пропусти брзо се трупаат. На JetMinds не можеш да поминеш ниво без да решиш се точно. А кој не сака да ги помине сите нивоа?

  • Дознај каде потфрлаш

    JetMinds користи вештачка интелигенција да предвиди кои пропусти во твоето знаење ги имаш насобрано од предходните одделенија.

  • Види колку реално знаеш

    JetMinds знае многу прецизно колку вистински учиш, решаваш и каде потфрлаш. Уште подобро, можеш да се споредиш со твоите врсници.

  • Учење без дистракција

    Фокусирај се на она што го учиш, без реклами.

Често поставувани прашања

  • Дали JetMinds е бесплатен сервис?

    Пристапот до сите видео лекции на платформата е бесплатен. Вашето дете ќе може во било кое време да пристапи на платформата и да гледа лекции од одделението во кое се наоѓа, како и да гледа лекции од претходните или наредните одделенија.

  • Кои се премиум функционалности на JetMinds?

    Учењето на JetMinds е бесплатно, но со месечна претплата добивате можност за учење по методологија која никаде не е достапна.

    Тимот кој работеше на JetMinds подготви огромен број на задачи поделени на повеќе нивоа. Преминот кон повисоко ниво е можен само доколку ученикот ги реши точно сите задачи од претходното ниво.

    Во училиште ученикот ќе добие петка и ако освои 90 поени на тестот, но тие мали пропусти брзо се трупаат. На JetMinds не може да се помине нивото без да се реши се точно.

    Во самата платформа е вградена вештачка интелигенција која ги предвидува пропустите кои ученикот ги има во своето знаење од предходните одделенија и дава препорака што треба да научи за да ги надмине овие пропусти во знаењето.

    За родителите, ученикот и за професорите е поставена детална аналитика преку која може многу прецизно да се види колку детето учи, решава и каде има проблем во знаењето. Исто така дадена е споредба со генерацијата каде лесно може да се види како учат останатите деца во генерацијата, кои се најчестите проблеми итн.

    Учење без дистракција. Со активирање на премиум функционалностите детето може да учи и да се фокусира на тоа што го учи, без да ги гледа понудените реклами на самата платформа.

  • Како може да платам за да се претплатам на Премиум функционалностите?

    Претплатата на Премиум функционалностите се врши директно на платформата JetMinds преку копчето “ПРЕТПЛАТИ СЕ”. Плаќањето се врши со било која дебитна или кредитна платежна картичка.

    Начинот на претплата е едноставен, го избирате типот на претплата кој највеќе ви одговара и ги внесувате податоците од вашата картичка на формата за плаќање.

    Дополнително тимот на JetMinds работи да обезбеди наскоро можност за плаќање во поголемите маркети во Македонија.

  • Каков тип на претплата има на Jetminds?

    Неавтоматизирана месечна претплата

    Наплатата на надоместокот може да биде со мануелна поединечна уплата на крајот на истекот на секој претплатен период од 30 дена. Во тој случај доколку сакате да продолжи вашиот Премиум пакет потребно ќе биде повторно да извршите рачна (мануелна) уплата следејќи ги чекорите за наплата на месечниот надоместок.

    Автоматска месечна претплата

    Кај автоматската месечна претплата на крајот од период на претплата за користење на премиум услугата (по истекот на 30 дена), претплатата на премиум функционалностите автоматски се обновува за дополнителен период на претплата сѐ додека не направите експлицитно откажување и системот врши автоматска наплата од вашата платежна картичка.

    Квартална претплата

    Со овој тип на претплата добивате можност за претплата на платформата за период од четири месеци по цена на претплата за три месеци. По истекот на четири месеци од датумот на претплатата потребно ќе биде повторно да извршите уплата доколку сакате да ги користите премиум функционалностите.

  • Бенефити за добри студенти?

    Во рамките на платформата организиравме JetMinds лига во која учениците можат да се натпреваруваат со врсниците од својата генерација. За секоја успешно решена задача, поминато ниво, редовност на платформата се добиваат соодветни поени.

    За најуспешните ученици во секоја генерација предвидени се специјални награди, како и можност за бесплатно годишно користење на премиум функционалностите на JetMinds.

  • Дали ја следи официјалната образовна програма?

    Едукативната платформа JetMinds е направена по програма која го прати официјалниот образовен модел во Македонија. Создадена е од врвни експерти по математика.

  • Дали ја прати програмата Кембриџ?

    Платформата JetMinds ја прати и истовремено ја надоградува програмата Кембриџ. Врз основа на истражување на проблемите со кои се соочуваат учениците во основното образование, платформата JetMinds е надградена со материјата која недостасува и е најпроблематична во програмата Кембриџ, а воедно е од огромно значење за подигнување на знаењето по математика.

  • Каков тип на задачи има на JetMinds?

    Материјата на JetMinds е прикажана со илустративни примери од секојдневнието, се со цел учениците да ја разберат суштината на проблемите кои ги изучуваат, а не само да учат на памет. Платформата овозможува ученикот преку игра и редовно решавање на голем број задачи да ја совлада целосно тековната материја пред да премине на нов материјал.

    Тестовите се направени од неколку типа на задачи како:

    • Задачи со нумерички внес,
    • Задачи со избор на одговор,
    • Задачи со избор на неколку точни одговори,
    • Задачи со внес на точно или погрешно.

    Задачите се поделени во неколку нивоа при што детето не може да оди на следното ниво доколку не ги одговори точно сите задачи од претходното ниво.

  • Како се искористува купон?

    За да го го искористите купонот потребно е да одите на полето “ПРЕТПЛАТА” и да го внесете кодот од купонот во полето предвидено за тоа. Откако ќе го внесете кодот на купонот ќе може да ги користите премиум функционалностите на JetMinds.

  • Како работи системот за препорака базиран на вештачка интелигенција?

    Големиот број на податоци за активноста на секој ученик ни даваат единствена можат да предвидиме со голема прецизност кои недостатоци во знаењето ги има стекнато секој ученик во претходните одделенија. Врз основа на анализа на целокупната активност на ученикот (гледање лекции, решавање задачи, време поминато за репавање, гречки во решавањето итн...) JetMinds е во можност да препорача лекции кои треба да ги совлада ученикот за да го намали јазот помеѓу материјата која ја учи тековно и она што му е недостаток во знаењето од претходно.

  • Што можам да видам во делот аналитика?

    Делот аналитика е наменет како за ученикот, така и за родителот или професорот. Во овој дел може да ја видите целосната активност на корисникот на платформата како на пример колку време детето поминува на платформата гледајќи ги лекциите, колку задачи решило (точни и погрешни), на кои лекции обрнало највеќе внимание, а воедно има и споредбени податоци со просекот во неговата генерација. Се со цел да се види нивото на знаење на детето.

  • Реклами на JetMinds?

    Со цел да се обезбеди бесплатна содржина за што е можно поголем број на ученици платформата прикажува во одредени секции рекламни материјали.